19 Декември, 2025
0.0567

ИСТРАГА ЗА ИПА ФОНДОВИТЕ: Дали ЕУ ќе ја казни Македонија?

Објавено во: Економија 08 Април, 2016 08:10

Добивај вести на Viber

Европската канцеларија против измама ОЛАФ отвори досие за Македонија. Истрагата ќе потрае, но ќе има епилог – велат аналитичарите за “Фактор“. Од ОЛАФ и официјално соопштија дека ќе има истрага за начинот на кој се трошеле европските пари од ИПА фонодвите, но засега се воздржуваат од коментар во интерес на истрагата. Од институциите во земјава – засега нама реакција. Дел од експертите потсетуваат на случaјот “Актор“, односно инфраструктурниот проект Демир Капија – Смоквица, кој меѓудругото се гради и со европски грантови. Токму “Актор“ сега се посочува како дел од истрагата што ја отвори ОЛАФ. Кои се можните исходи за Македонија доколку се докаже дека имало малверзации и злоупотреби? Можни сценарија по истрагата за ИПА фондовите ...  Истрага за парите од ИПА фондовите ќе има, но во интерес на постапката не се соопштуваат детали. На ваков начин се огласи Европската канцеларија против измама ОЛАФ. Според домашната експертска јавност веќе е јасно дека Македонија оди под истрага и дека Европа е решена случајот со можна корупција и малверзации да го истурка кон разрешница. Како епилог, експертите што ја познаваат европската регулатива и пракса велат дека можни се две сценарија. “По информација дека ОЛАФ отвора истрага, следуваат две можни разврски. Прво, по завршување на истрагата, доколку се докажат сознанија за можни злоупотреби, на Македонија да и бидат испорачани препораки. Имено, ако има конкретен случај за амнипулација со парите од ИПА, односно ако се констатираат системски слабости и проблеми, тогаш би следувапа препорака тие се се отстранат и променат. Второто сценарио е преземање на мерки од страна на европските институции кои ќе водат кон враќање на парите, но земјата може да заврши и пред некој од националните судови, особено ако се констатира дека основ за кривично дело. Она што ќе биде најважно за Европската унија е да утврди дали имало злоупотреби и ако имало како да си ги врати парите кои се на даночниците, граѓаните на ЕУ“ вели Бојан Маричиќ од Меѓународниот центар за европско образование. Од граѓанската организација “Еко свест“, која го истражуваше случајот “Актор“, за кој се појавија наоди за можни злоупотреби на европски пари, велат дека засега не очекуваат реакција од домашните надлежни институции за случајот со парите од ИПА. “Мислам дека кај нас се оди на тоа да се заташкаат ваквите случаи. Отакако изби аферата за “Актор“ медиумите упорно пишуваа, но еве досега сеуште нема разврска на случајот. Она што е важно е дека овој проект се потпира и на меѓународни финансиери но и на грантови и доколку се случи билошто,  што упатува на неправилности и сомнежи, може да ги изгубите сите средства“, вели Ана Чоловиќ Лешоска од невладината “Еко свест“. Македонија веќе еднаш се соочи со суспензија … Засега, во Македонија воздржано се следи овој случај од страна на надлежните институции. Неодамна, Фатмир Бесими од позиција на вицепремиер за европски прашања за 24 Вести изјави дека доколку се докажат злоупотреби на парите, некој ќе мора да понесе и одговорност. “Доколку имало злоупотреба на парите од ИПА фондовите , треба да се сноси и одговорност. По изјавата на посредникот Питер Ванхауте поврзана со трошењето на европските пари што и се ставени на располагање на Македонија, веднаш стапив во контакт со Европската делгација. Европската канцеларија против измама ОЛАФ може да покрене истрага и без да ја информира земјата“ - изјави Фатмир Бесими. Според аналитичарите, Македонија веќе има “историја“ на истрага поврзана со начинот на кој се трошеле европските средства. Сега, по отворената истрага од страна на ОЛАФ, и во зависност од исходот и наодите, на потег ќе биде Европската комисија. “Откако ОЛАФ ќе заврши со својот дел од истрагата, ова тело треба да констатира наоди за можни злоупотреби и потоа досието го предава на Европската комисија, која соодветно постапува. Да потсетам дека ние веќе имавме еден ваков случај на малверзации со пари од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по што ЕК наложи двегодишна суспанизија. Случајот беше отворен и од страна на домашните институции, имаше постапка но без епилог“- вели Маричиќ од МЦЕО Искористеноста на средствата од ИПА1, за периодот 2007-2013 година, изнесува 61,8 отсто. Имено, според податоци од Владата вкупната сума на повлечени пари изнесува 614,7 милиони евра, пришто се склучени 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. До крајот на 2017 година остануваат да се искористат уште 97 милиони евра од оваа программа, со што искористеноста би се движела од 75% до 80%. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар