16 Декември, 2025
0.0413

Истражувачи: Видеото со последните секунди на авионот А320 се измислица

Објавено во: Свет 01 Април, 2015 12:52

Добивај вести на Viber

Информациите за пронајден мобилен телефон со видеозапис во кој се снимени последните секунди од летот на „Ербас A320“ пред несреќата на Француските Алпи, се целосно неточни, изјави за „Си-Ен-Ен“ потполковникот на француската жандармерија Жан-Марк Меникини.

Според него мобилните телефони, кои се собрани од местото на несреќата, сеуште не се испитани од истражните органи. Овие телефони треба да бидат испратени на анализа во Институтот за криминални истражувања на националната жандармерија во Росни-су-Боа покрај Париз.

Германскoто списание „Билд“ и француското списание „Пари меч“ соопштија дека учесник во операциите за откривање на местото на несреќата нашол телефон со видеоснимка со случувањата во авионот. Според него патниците целосно биле свесни дека авионот ќе се урне. На снимката се слушнале извици „Боже мој!“ на неколку јазици, тврди „Пари меч“.

„Сцената е толку хаотична што не може да се препознае никој, но викотниците на патниците покажуваат дека биле целосно свесни за она што ќе се случи. Кон крајот, по едно посилна реорганизација, плачот се зајакнува. Потоа ништо“, пишуваат од списанијата. На истиот запис се слушнале, „барем три пати, удари со метал, кои наведуваат на мислата дека пилотот се обидува да ја отвори вратата на пилотската кабина со тежок предмет“.

Овие тврдења се целосно лажни, реагира потполковникот Меникини, запрашан од „Си-Ен-Ен“. Во Марсеј францускиот обвинител, е натоварен со судската истрага за несреќата, денеска го повика секое лице кое евентуално поседува видеозапис поврзан со несреќата, да го предаде на истражните органи, и истовремено негира дека има сличен запис.

Во хипотетичките случаи дека некој има такво видео, треба веднаш да го предаде на истражните органи од жандармеријата, истакнал Брис Робен. Тој негираше „во досегашната фаза на истрагата дали има видео или видеа со несреќата“.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете