03 Мај, 2024
0.0284

ИСТРАЖУВАЊЕ: Колку ќе ве чини флаша пиво низ светот ова лето!?

Објавено во: Анализа, Стил 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Новото истражување студија на GoEuro ги собира податоците за 75 градови по целиот свет и обрнува внимание како на најмногу извезуваните пива, така и на локалните популарни брендови. Податоците од студијата покажуваат дека цените на пивото се сменија во однос на 2014 година заради валутните флуктуации. Така на пример во резултат од драматичната промена во курсот на швајцарскиот франк Цирих и Женева спаѓаат меѓу 15-те градови со најскапо пиво. Женева е местото каде што пивото достигнува највисоки цени, а во 2015 година го надминува минатогодишниот првак во однос на ова - Осло. Главниот град на Норвешка веќе го зазема 72-то од вкупно 75 места. Американските градови остануваат значително поскапи, кога станува збор за пиво, бидејќи доларот поскапе во однос еврото. Градот, во кој во моментов може да се најде најевтиното пиво, е Краков. Во полскиот град просечната цена за шише од 330 милилитри е 1,66 долари. Второто место на листата го зазема Киев, каде што цената е иста. Разликата лежи во цените во рестораните каде пивото е поевтино, но во продавниците пенливиот пијалок се нуди по повисоки цени. Братислава останува на третото место со просечна цена од 1,69 долари за 330 милилитри пиво. Четвртото и петтото место остануваат за Малага и Делхи. Во првите десет спаѓа и Белград, каде 330 милилитри пиво се нудат во просек за 1,97 долари. Според истражувањето просечната цена во Софија е 2,29 долари. Скопје го нема на листата, но согледувајки ги бројките кај нашите соседи, веројатно би се нашле тука некаде на оваа листа. Љубљана се наоѓа на 29-то место, каде цената достигнува2,71 долари. Истанбул е на 42-то, а Атина на 51 место според висината на цената за флаша пиво. Најмала потрошувачка на пиво по глава на жител GoEuro утврди во Каиро - 4 литри, а најголема - во Букурешт - 133 литри. Повторно во Каиро луѓето трошат најмалку за пиво годишно - само 25 долари. Најмногу средства за пиво трошат љубителите на пиво во Хелсинки, каде износот годишно достигнува 1542 долари. Еве ги топ 10 дестинациите со најевтиното пиво во светот во 2015 година: pivo 1   Целосниот редослед и цената во сите 75 града опфатени во истражувањето може да ја погледнете ОВДЕ. Обработка: К.К. Извор: goeuro

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад