01 Јули, 2024
0.0262

Италија бара од „Гугл“ 1 милијарда евра неплатени даноци

Објавено во: Свет 29 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Италија бара од Гугл да плати 1 милијарда евра неплатени даноци и казни, седум години откако американската компанија го реши големиот даночен спор со римските власти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на три извори со директно знаење за ова прашање.

Изворите велат дека италијанската агенција за приходи започнала процес со Гугл кој би можел да заврши или со спогодба или со правна постапка.

Истрагата, започната во декември 2022 година, го опфаќа периодот од 2018 до 2022 година, изјави еден од изворите.

Обвинителите во Милано, како и во претходната истрага, тврдат дека технолошкиот гигант не пријавил ниту платил данок на приходите добиени во Италија, но овојпат причините за обвинението се различни, велат изворите.

Во 2017 година Гугл плати 306 милиони евра како американска компанија со постојано присуство во Италија.

Сега барањето на даночната администрација се однесува на оданочувањето на дигиталната инфраструктура што Гугл ја има во Италија, што му овозможува да работи и да остварува профит.

Гугл соопшти дека е во согласност со даночните закони и дека соработува со италијанските власти.

- Ги почитуваме даночните закони во сите земји во кои работиме, вклучително и Италија - изјави портпаролот на компанијата во изјава за Ројтерс.


Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана