02 Јуни, 2023
0.0257

ИТАЛИЈА ИМА ПЛАН КАКО ДА ГИ СОЧУВА РАБОТНИЦИТЕ ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА - издвоија милиони евра за таа намена

Објавено во: Свет 22 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Брзиот пораст на вештачката интелигенција и развојните алатки како ChatGPT ги поттикнаа стравувањата кај многу луѓе дека нивните работни места ќе бидат автоматизирани во блиска иднина.

За да ја ублажат болката од оваа очекувана транзиција, компаниите и владините претставници се обидуваат да откријат како најдобро да се справат и да ја регулираат вештачката интелигенција.

Италијанската влада издвои 30 милиони евра за подобрување на вештините на невработените лица и оние кои работат во секторите кои се најзагрозени од иновациите што ги носи вештачката интелигенција.

Според фондот Per La Repubblica Digitale (FRD), средствата за дигитална обука ќе се распределуваат на два начина.

Помош на работни места каде што постои висок ризик од замена

Третина од парите ќе бидат насочени за помош на луѓето на работни места каде што постои висок ризик да бидат заменети со вештачка интелигенција, со цел да ги подобрат своите дигитални вештини, пишува FOX business.

Останатите средства ќе бидат наменети за помош на невработените и економски неактивни лица да развијат дигитални вештини кои би ги подобриле нивните шанси за влез на пазарот на трудот.

ФРД предвидува дека широк опсег на работни места може да биде загрозен од автоматизацијата, вклучувајќи транспорт и логистика, канцелариска поддршка и администрација, производствени услуги и малопродажниот сектор.

Според FRD, повеќе од половина од Италијанците на возраст меѓу 16 и 74 години немаат основни дигитални вештини, во споредба со просекот од околу 46 проценти во Европската унија.

Многу експерти велат дека се потребни нови регулативи за управување со вештачката интелигенција поради нејзиното потенцијално влијание врз националната безбедност, образованието и работните места.

Чет-ботот ChatGPT беше недостапен во Италија околу четири недели додека неговиот развивач OpenAI не ја реши загриженоста покрената од италијанскиот орган за заштита на податоци кон крајот на април.

(Телеграфски бизнис)

Можеби ќе ве интересира

Хорор во Франција: Тинејџерка го избодела својот помал брат додека спиел, родителите спиеле во друга соба

Хорор во Франција: Тинејџерка го избодела својот помал брат додека спиел, родителите спиеле во друга соба

(ВИДЕО) БАЈДЕН ПАДНА НА СЦЕНАТА - Доделувањето на дипломите го „измори“ претседателот на САД

(ВИДЕО) БАЈДЕН ПАДНА НА СЦЕНАТА - Доделувањето на дипломите го „измори“ претседателот на САД

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО ТВИТЕР: Шефицата за доверба и безбедност го напушта Маск

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО ТВИТЕР: Шефицата за доверба и безбедност го напушта Маск

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат