Италија oди во карантин за Велигден
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Март, 2021
Италија oди во карантин за време на Велигденскиот викенд.
Земјата ќе биде во општ карантин за празникот, покажува нацрт-уредбата во која западни медиуми имаа увид со момент кога владата во Рим се бори против забрзаното ширење на коронавирусот низ целата држава. Продавниците кои не продаваат храна ќе бидат затворени од 3 до 5 април. На Италијанците ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за работа, посета на лекар или итни случаи. Во нацрт-регулативата, што треба да се донесе денеска се наведува дека од понеделник ограничувањата ќе бидат засилени и во жолтите региони, во оние каде ризикот од инфекција е мал. И во нив движењето меѓу градовите ќе биде строго ограничено, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени. Од вкупно 20 региони, три на југот се црвени, 10 се портокалови, шест се жолти, а само Сардинија е бела, според мапата на веб-страницата на италијанската влада. Италија надмина 100.000 починати од коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.