19 Декември, 2025
0.2491

Италија планира инјекција од 40 милијарди евра за банките по Брегзит

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016 10:24

Добивај вести на Viber

Италија подготвува план за стабилизирање на банкарскиот сектор, кој се претвори во ранлива цел, откако британското гласање за напуштање на Европската унија ги засили стравувањата од распродажби на пазарите на послабите економии во еврозоната, соопштуваат локалните весници во понеделникот.

Акциите на италијанските банки паднаа во петокот по резултатите од британскиот референдум, коментира Ројтерс. Цените на акциите на UniCredit и Intesa Sanpaolo опаднаа со над 20%. Банкарските вредносит почнаа со покачување на седницата во понеделникот, водејќи сметка за силни флуктуации без јасно изразена насока.

Индустрија се смета за особено ранлива, бидејќи има лоши заеми за 360 милијарди долари, а тоа е една третина од сите необслужени заеми во еврозоната.

Дневниот Il Fatto Quotidiano пишува дека според планот Рим може да преземе удели од отежнати банки, а тоа ќе биде финансирано преку издавање на нов јавен долг за околу 40 милијарди евра.

Весникот наведува дека владата на премиерот Матео Ренци веќе води разговори со Европската комисија за можни мерки за поддршка на доверителите.

Два други дневни печати - Corriere della Sera и La Repubblica, пишуваат дека Италија ќе се обиде да ги искористи можните исклучоци од европските правила за државна помош во случај на "ексклузивни настани", за да ги поддржи банките, ако акциите продолжат да поевтинуваат нагло .

Ренци треба да се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин подоцна во понеделник, за да разговара за влијанието од Брегзит и ќе побара поддршка за италијанските мерки, пишуваат уште весниците.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?