ИТАЛИЈА ПРИФАЌА ДА ПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Даваат поддршка на предлогот на Макрон
Објавено во: Свет 13 Декември, 2024
Подготвени сме да учествуваме во евентуална мировна мисија во Украина, велат италијанските власти.
Ова го потврди италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето, пренесува Анса.
„Се надевам дека ќе разговараме за мир што е можно поскоро, за мировните сили, во Украина, но и во Газа и Либан“, изјави Крозето.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја предложи идејата за испраќање меѓународен контингент во Украина.
„Подготвени сме да ја играме оваа улога, улога во која секогаш се истакнувавме како нација“, рече Крозето.
Обединетото Кралство и Полска јавно изјавија дека во моментов не размислуваат за испраќање војници во Украина. Единствено германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека таквата можност не треба да се исклучи, иако канцеларот Олаф Шолц не го поддржа тој став. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не сака хрватски војници да одат во Украина. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.