Италија руши рекорди во извоз на свои производи
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2013 18:15
Со трговски суфицит од 11 милијарди евра Италија ја заврши 2012 година. Според податоците од италијанскиот Завод за статистика, ова е рекорден трговски суфицит по1999 година.
Италијанскиот извоз во декември лани го надминал увозот за 2,2 милијарди евра. Трговскиот суфицит на Италија во ноември изнесува 2,4 милијарди евра, речиси еднаков како и во октомври.
Годишниот трговски суфицит на Италија е над очекуваните осум до 10 милијарди евра, што е охрабрувачки сигнал за третата по големина економија во еврозоната, која се наоѓа во длабока рецесија по строгите мерки за штедење.
Добрите податоци од извозот сепак беа поматени од вчерашните податоци кои ги објави на Евростат, каде италијанскиот бруто домашен производ во четвртиот квартал од 2012 година бележи пад од 0,9 отсто во однос на претходниот квартал.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




