17 Декември, 2025
0.1033

Италијанската мафија пере пари преку ветерници?!

Објавено во: Економија 07 Јули, 2013 18:15

Добивај вести на Viber

Италијанската мафија најде нов начин да ја прошири својата дејност, насочувајќи ги инвестициите во секторот на обновливи извори на енергија. Целта е да се исперат нелегалните приходи, а во исто време и да се добие дел од големата европска помош, се наведува во извештај на Европол.

Европол ги анализирала операциите на четири италијански мафијашки групи. Информациите покажаа  дека организираниот криминал на мафијашите е насочен кон инвестиции  во секторот на обновливи извори на енергија , поконкретно градејќи ветерни енергетски централи.

Мафијата „ги користи великодушните заеми и грантови доделени на земјите членки, што и овозможува да ги испере криминалните пари преку легални активности”, се наведува во документот на Европол.

Пред една година, италијанската полиција заплени имот на мафијата од Калабрија во висина од 350 милиони евра, вклучувајќи го и најголемиот ветерен парк во Европа во регионот на Кротоне. Запленетата електрана со 48 турбини на ветер е изградена од десетина компании на мафијата кои функционираат во Сан Марино, Германија и Швајцарија, стои во извештајот на Европол.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија