05 Декември, 2025
0.0757

Италијански компании заинтересирани за гасификацијата на Македонија

Објавено во: Македонија 11 Март, 2014 14:13

Добивај вести на Viber

Проектите во инфраструктурата и енергетиката што треба да се реализираат во следните 3-5 години го привлекоа вниманието на италијанските инвеститори, кои денеска на бизнис форум во Скопје се запознаа со инвестициските можности во Македонија. Министерот за транспорт и врски ги повика да вложуваат во земјава, а особено да се пријават на огласите за претстојната гасификација на земјата. „Повратот на профит е многу висок, очекувам дека ќе имаме огромен интерес од компаниите. И веќе има голем интерес од повеќе земји во Европа и надвор од Европа. Рокот за концесии е 20 години, а очекуваме приклучувањето на објектите да биде во периодот помеѓу 2015 до 2019 година. Критериумите за пријавување не се високи, а тоа беше и нашата крајна цел да имаме поголема конкуренција“, рече Јанакиески. На бизнис форумот учествуваа 30 компании од Италија и 40 од Македонија, кои ја испитаа можноста за меѓусебна соработка. „Денес слушнав одлична вест. Наскоро ќе започне да сообраќа директната авионска линија Скопје-Рим. Тоа е одлична вест за Коридорот 8 и се надевам дека освен преку воздушна линија, поврзувањето меѓу двете земји наскоро ќе се одвива и преку патна инфраструктура“, рече италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели. Според него, патното поврзување на двете земји ќе ги зголеми можностите за економска соработка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија