26 Април, 2024
0.0318

Иван Иванов, главен извршен директор на Скеил Фокус: Работењето во Скеил Фокус овозможува брз професионален раст и работа на проекти за водечки компании ширум светот

Објавено во: Интервјуа 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Скеил Фокус пред две години ја започна инвестицијата во Северна Македонија. Оваа информатичка компанија е пример за брз раст, светски квалитет  и посветеност. Во време на пандемија, нивните активности не запреа и тимот работеше амбициозно на реализација на инвестицискиот план. Само во Скопје отворија нови 70 работни места во информатичко-технолошкиот сектор, но и се проширија во модерна канцеларија  од 900м2 во центарот на Скопје. Во интервју за ФАКТОР, главниот извршен директор на Скеил Фокус, Иван Иванов зборува за нивните идни предизвици во Европа и Америка, за можноста за работа на талентираните ИТ кадри и учење од најдобрите во Скеил Фокус Академијата.

Фактор: Иванов, Скеил Фокус веќе две години успешно работи во Северна Македонија, рековте дека бројот на вработени според инвестицискиот план за 2021 година, сте го реализирале и пред време. Како почна бизнис приказната?

Од денот кога е создаден Скеил Фокус пред 9 години, нашата визија отсекогаш била да станеме водечка, меѓународна компанија. Денес имаме успешно испорачани повеќе од 500 проекти за стотици клиенти низ целиот свет. Клучен двигател за овој успех е нашата мрежа на канцеларии за испорака и продажба што опфаќа 5 земји на два континента.

Инвестицијата ја започнавме во Северна Македонија пред две години, со амбициозни планови за раст и развој, бидејќи најдовме деловни можности, но  и многу таленти во земјата.

Минатата година, кога се појави пандемијата, беа забавени и нашите планови за раст во Северна Македонија. Тоа не успори, но благодарение на силниот тим, на локалното раководство успеавме брзо да ги надминеме тешкотиите и не само да ги постигнеме првичните цели, туку и да ги надминеме. Благодарен сум што имаме толку високо квалификувани колеги во Северна Македонија кои ги споделуваат и промовираат вредностите и културата на Скeил Фокус и кои се клучен двигател за успехот на компанијата.

Фактор: Најавивте дека освен во Скопје, ќе се проширите и со канцеларии во други градови низ државата?

Во развојот на деловниот бизнис, секогаш треба да се водат битките со нашите клиенти и пазарот. И во Северна Македонија го практикуваме моделот „Работа од било каде“, што подразбира дека не сме ограничени на одредена локација, нашите тимови според потребите го формираат местото на официјалната канцеларија. Покрај Скопје, фокусот ни е и на другите градови, веќе ја истражуваме опцијата да основаме канцеларија во Битола.

Фактор: Вашата компанија ги поттикнува луѓето на успех преку технологија и иновации.Како ќе ги привлечете и мотивирате младите ИТ кадри да останат во Северна Македонија и да работат за Скеил Фокус?

Последните неколку години, работата во ИТ секторот беше најпосакуван избор за младите луѓе. Верувам дека овој тренд се должи не само на конкуренцијата, туку и на добрите плати, можноста за постојан личен развој и учество во интересни и предизвикувачки проекти.

Овие работи се клучни за избор на идната професија и компанија.

Во Скеил Фокус нашите вработени работат во динамична, но стабилна околината која им овозможува брз професионален раст и развој на клучните технолошки вештини и експертиза, истовремено нудејќи им можност за работа на проекти за водечки компании ширум светот.

Фактор: Скеил Фокус досега има испорачано 500 проекти за стотици клиенти низ целиот свет.Присутни сте во во Европа и Америка. Какви се вашите меѓународни планови за експанзија?

Нашиот план е да одиме напред и да продолжиме со меѓународната експанзија и во продажбата и во испораката, што ќе ни овозможи да користиме се поголем број на квалификувани и талентирани инженери и да бидеме поблиску до нашите целни клиенти.

Во моментов работиме на голем број иницијативи за нови локации, вклучително и надвор од Европа. Кога ќе ја препознаеме средината и кога ќе ни се укаже можност како што бешепредизвикот за проширување во Северна Македонија, секогаш сме подготвени новата шанса да ја искористиме.

Тука би сакал да го споменам гостопримството што го добиваме од локалните власти и владините институции и нивното настојување да ги обезбедат најдобрите услови за развој на деловна технологија. Ова ниво на институционална соработка ги прави нашите планови за проширување многу полесни.

Фактор: Иванов ако зборуваме за светски рамки, вашиот успех е признат од реномираните Фајненшел Тајмс и Форбс, кои ја рангираа вашата компанија како најбрзорастечка во Европа.Покрај овие престижни награди, кои други признанија и награди ги има добиено Скеил Фокус за иновативните  проекти?

Наградите што ги добивме низ годините се навистина многубројни. Секоја од нив е вредна и важна за нас. Но, она што е важно покрај официјалните награди е признанието кое го добиваме од нашите клиенти. Ние секогаш се трудиме да бидеме партнер за иновативна технологија за нив и фактот дека имаме NPS 9,2 од 10 е вистински доказ дека сме на вистинскиот пат.

Фактор: Да се работи во Скеил Фокус е привилегија, велат младите кои се дел од вашата успешна приказна. Дел од нив ја посетиле и Скеил  Фокус Академијата, која им гарантира вработување веднаш. Почнувате со упис на трета генерација студенти. Какво знаење и искуство дообиваат учесниците?

Среќен сум што имаме толку многу студенти од Северна Македонија во нашата Скеил Фокус Академија. Тука имаме и солиден менторски тим и постојано откриваме нови и силни таленти.

Академијата на учесниците им дава технички вештини што им се потребни за да започнат да работат со клиенти, како и тековно менторство и проекти од реалниот живот.

Како што споменавте, повеќето дипломирани студенти се веќе наши колеги, така што можеме да следиме како работи моделот на Скеил Фокус Академијата и можеме да ги видиме резултатите на овие студенти во нивната секојдневна работа. Академијата со нов циклус продолжува на есен, веќе ги регрутираме новите ИТ таленти, уписите се во тек и завршуваат на 15ти август.

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“