ИВАНОВ БАРА ПОДДРШКА ОД ТРАМП и решавање на спорот со Грција
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2016
Претседателот Ѓорге Иванов денес му ја честиташе победата на Доналд Трамп и му посака успех на должноста.
„Република Македонија му придава исклучително значење на стратешкото партнерство со САД, а залагањето за негово понатамошно зацврстување претставува посебен интерес за Македонија и нејзините граѓани“,наведе шефот на државата во честитката за Трамп.
Алудирајки на Грција, Иванов напомена дека Македонија веќе долго време се соочува со „неправедна и непринциелна блокада на европскиот и евроатлантски пат“, истакнувајќи дека е за постигнување на на тие цели посебно значајна поддршката на САД.
„Како што во светот е потребен поредок, така на нас ни треба консолидација на мир, поголема стабилност, безбедност и демократија во регионот. За постигнување на овие цел е потребна интеграција на Македонија и цел регион во НАТО и Европската унија, но и почитување на меѓународното право. За постигнување на овие цели посебно е значајна поддршката на САД“, наведе тој.
Иванов изрази уверување дека САД „под лидерство на Трамп ќе помогне во исполнување на тие највисоки стратешки цели“.