26 Мај, 2024
0.0709

ИВАНОВ МУ СВРТЕ ГРБ И НА ЏАФЕРИ: Претседателот се поблиску до импичмент?

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Засега шефот на државата Ѓорге Иванов е единствениот кој му „затворил врата“ на собранискиот претседател а им сврте грб и на првиот човек на Владата и министерот за надворешни работи. Дали Иванов сам се турка кон отповикување?

Ова е прашање кое го дискутира јаноста по вчерашните тврдења на собранискиот претседател Талат Џафери кој во изјава за медиуми вели дека претседателот не сакал воопшто да го прими.

Во телевизиско интервју премерот посочи дека ако Иванов по одбивањето на законот на јазици , одбие да го потпише по втор пат и договорот со Грција , тогаш ќе мора да го сменат.

По изјавата на премиерот, Иванов не чекаше долго и повика постапката за импичмент да почне веднаш.

„Ги повикувам Заев со тоа двотретинско мнозинство, што е потребно за промени на Уставот на Република Македонија, веднаш да започне постапка за одредување на одговорноста на претседателот и гласањето на отповикување“, вели Иванов.

„И покрај заканите и притисоците, јас останувам на ставот дека станува збор за штетен договор“, кажа уште Иванов.

За предложената одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот, прво треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија, што воедно е и прашање дали владиното мнозинство може да се окрупни за таа постапка.

Во член 83 од Уставот на Република Македонија пишува дека за одземање на имунитетот на претседателот на државата „одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот“, пишува во член 87 од Уставот. 

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес