Ивермектин да не се користи за лекување на Ковид-19, порачуваат од ЕМА
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Март, 2021
Лекот ивермектин не треба да се користи за лекување на Ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА). Како што пишува весникот Гардијан, повеќе месеци ивермектинот се посочува како чудотворен лек.
Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот. Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот кој предизвикува Ковид-19, но со многу повисока концентрација на ивермектин. Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат, додава Агенцијата.
ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на Ковид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања. Агенцијата со седиште во Амстердам соопшти дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.