ИВЕРМЕКТИНОТ НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ИКОНА НА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА: Фармакологот Стојановиќ детално објасни што е Ивермектин
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2021
Фармакологот
и професор на Медицинскиот факултет во Белград, Радан Стојановиќ објасни сè за ивермектин - лек за кој многумина
тврдат дека помага во лекувањето на Ковид.
Неодамна беше објавено дека лекот ивермектин, кој првенствено се користи за лекување на животни, дека може да помогне и во превенцијата и лекувањето на Ковид. А некои доктори во го препорачуваат преку групите на Вибер, а инаку е лек кој не е одобрен за употреба во лекување на луѓе во Србија.
Проф. д-р Стојановиќ, во емисијата „Уранак“ на К1 појаснува дека овој лек во Србија првенствено се користи и во ветеринарната и во хуманата медицина.
-Во хуманата медицина се користи системски и локално. Системски значи дека се пие во форма на капсули за лекување на разни паразитски заболувања. Локално се применува во форма на креми за лекување на одредени кожни заболувања, како што е на пример розацеата, итн. Бевме неподготвени за пандемијата на ковид кога станува збор за антивирусни лекови, па се одлучивме за поинаква стратегија, односно за лекови за кои знаеме дека делуваат на некои други вирусни заболувања, па ги дадовме и на пациенти со ковид. Кога станува збор за ивермектин, забележано е дека има одредени фармаколошки својства, дека може да го потисне воспалението, да ја намали синтезата на инферлеукин 6, кој игра улога во патогенезата на болеста, па ваквите фармаколошки својства, плус 50 години искуство во лекувањето на паразитски инфекции, ниската цена, доведоа до зголемен интерес за него како можен лек за превенција и третман на Ковид. Врз основа на сето тоа, почнавме прво со лабораториски испитувања и тие резултати беа охрабрувачки. Се покажа дека ивермектинот може да ја инхибира поделбата на сарс-ков-2, но сега одиме понатаму. Тоа беше сигнал да се спроведат клинички испитувања и тие испитувања во различни земји. Сите наоди може да се сумираат - едни рекоа дека ивермектинот предизвикува корисни ефекти, други дека не доведува до никакви благотворни ефекти, дека може да предизвика штетни ефекти кај одредени пациенти. Врз основа на тоа, Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови рекоа дека немаме доволно докази дека можеме да препорачаме употреба на ивермектин во превенција и третман на ковид, освен во клинички испитувања“, вели д-р Стојановиќ.
Тој посочува дека истражувања на овој лек се спроведува во Велика Британија и Америка, но дека во меѓувреме „не смее да се дозволи ивермектинот да стане магичен лек, икона на противниците на вакцинацијата, туку да се чекаат резултатите од клиничките испитувања кои ќе го ставтивермектинот каде што му е местото.“
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.