ИЗБЕГНУВАЈТЕ НЕПОТРЕБНО ДВИЖЕЊЕ, жителите на соседна Грција добија пораки со предупредување за невремето
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2022
Силно невреме со јаки ветрови наречено „Богдан“ од Италија се приближува кон западниот дел на Грција, поради што жителите на три области добија порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења.
Како што јавуваат грчките медиуми, според Националната опсерваторија на Атина, обилни дождови и невреме се очекуваат во западните делови на земјата. Лошото време „Богдан“ се очекува во следните неколку часа да зафати повеќе области од земјава, ставајќи ги надлежните во готовност.
Силни дождови и локално невреме се очекува да има на островите во Јонско море, но и областа Епир, Западниот континент и Западен Пелопонез.
Се стравува дека ударот и ефектите од невремето на одредени места ќе бидат силни и најверојатно ќе бидат придружени со високи врнежи од дожд. Локални врнежи од дожд и можна појава на невреме се очекуваат и во други делови од Грција, меѓу кои Македонија, Тесалија, Тракија и Северен Егеј.
Очекуваниот настан за врнежи е од категорија 3 и има мала можност за појава на мал град има во делови од Јонското Море, во крајбрежните делови на западното копно.
Постепено слабеење на невремето се очекува од вечерните часови.
Фото: Принскрин/Ин.гр
Можеби ќе ве интересира
„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

СЕ СТРЕСЕ МОСТАР: Карпи паднаа во дворовите на луѓето

ИМ ПРЕЧИ ХЕРОИЗАЦИЈАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО БАЊСКА: Рама и Пленковиќ повикаа ЕУ и Западот да ја санкционираат Србија

Петковиќ тврди дека Бојан Мијаиловиќ е убиен „лице в лице“ додека лежел повреден во Бањска

ИСЛАНД Е НАЈБЕЗБЕДНА ЗЕМЈА, СРБИЈА ИЗНЕНАДУВА! Еве каде е Македонија

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ХРВАТСКА - им стигнува првиот Rafale од Франција, еве колку пари ќе платат Хрватите за 12 авиони

„БАТАЛЈОН НА БЕСМРТНИТЕ ИЗВРШИ ЧИН НА ЖРТВУВАЊЕ“: Работничката партија на Курдите ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара

КУЌА НА МОРЕ ЗА 100.000 ЕВРА ЈА НАПРАВИ ЦРНА ГОРА ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА КУПУВАЊЕ НЕДВИЖЕН ИМОТ: Експертот Мекмахон кажа кои се и другите топ локации
