ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК НА УВИД: Проверете си ги податоците!
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Државната изборна комисија денеска го става на Увид Избирачкиот список.
Тоа значи дека граѓаните ќе може да си ги проверуваат податоците се до 11 Ноември.
Додека пак на 21 ноември ДИК треба да го заклучи списокот, а веќе на 1 декември тој да го потпише.
Од ДИК апелираат граѓаните кои што нема да се пронајдат по име , премзиме, ЕМБГ во Избирачкиот список, податоците да си ги проверат во Листата на граѓани лии што записи останале спорни, односно за кои има несофпаѓање на податоците.
Доколку се пронајдете во листата на спорни гласачи ќе може да се пријавите во ДИК во текот на Јавниот увид во ИС кој трае 15 дена.
Во тек е и пријавувањето на гласачите од дијаспората односно граѓаните кои се на привремена работа или престој во странство.
Доколку и вие сте во странство во моментов, а сакате да се пријавите за гласање на изборите во декември тоа може да го направите тука.