Избор на снабдувач со електрична енергија – клуч за пониски сметки за мали и средни компании
Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2025 13:09
За многу мали и средни компании, трошоците за електрична енергија претставуваат значаен дел од месечните трошоци. На либерализираниот пазар на електрична енергија, бизнисите имаат можност да ги намалат овие трошоци со избирање на снабдувач и тарифен модел што најмногу одговара на нивното работење. Сепак, многу компании сè уште не ги користат целосно овие можности, честопати поради недостаток на информации за процесот и придобивките од промена на снабдувачот.
Една од важните предности на слободниот пазар е можноста за избор на тарифен модел што одговара на потребите на компанијата. На пример, некои бизниси претпочитаат флексибилност без долгорочни обврски, додека други се одлучуваат за стабилност и предвидливост на трошоците.
Во овој контекст, EДС неодамна воведе два специјално дизајнирани тарифни модели за мали и средни компании. Моделот „Без обврски“ нуди месечна флексибилност без долгорочни договори или скриени трошоци, додека 12-месечниот тарифен модел обезбедува стабилност со фиксна цена, без скриени трошоци.

Процесот на префрлање е едноставен и обично трае до 15 работни дена, во зависност од процедурите на операторите. Важно е да се напомене дека снабдувањето со новиот снабдувач секогаш започнува на првиот ден од месецот, со што се обезбедува континуирано снабдување со електрична енергија без прекини.
Според анализите на пазарот, компаниите кои го избираат својот снабдувач можат да постигнат до 30% пониски сметки за електрична енергија, создавајќи простор за значителни заштеди и реинвестирање во раст на бизнисот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





