08 Декември, 2025
0.2059

ИЗБОРИ: 5 гласа за Обама=5 гласа за Ромни

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2012 19:59

Добивај вести на Viber

Десетте гласачи во селото Диксвил Ноч, во државата Њу Хемпшир, кои традиционално почнуваат први со гласање на претседателските избори во САД, не можеа да одредат кој е победникот во трката за Белата куќа, за прв пат во историјата, соопштува Франс прес. Во полноќ по локално време (05.00 по Гринич) Танeр Тилотсoн, првиот од 200-те милиони гласачи во САД, го спушти ливчето во дрвената гласачка кутија. „Гласав за Барак Обама", изјави 24-годишниот морнар. По пребројувањето на гласовите, се покажа дека пет лица гласале за Обама и исто толку за противникот Мит Ромни. Селото Диксвил Ноч, се наоѓа во една шума на 30 километри јужно од канадската граница и е едно од двете мали изборни единици во државата Њу Хемпшир, кои ги отворија избирачките канцеларии на полноќ по локално време, за да може жителите да ја одржат долгогодишната традиција и да гласаат први во САД. Потоа избирачките места таму се затворија за шест часа подоцна жителите на останатиот дел од државата да се разбудат и да почнат со гласање. Во втората изборна единица во Њу Хемпшир, во селото наречено Хартс Локеишн,  Обама доби 23 гласа, Ромни - 9, а  Гери Џонсон - еден глас.. Триесет и три гласа беа поднесени за 5 минути и 42 секунди, соопштија американските медиуми. Њу Хемпшир е една од седумте држави во кои се смета дека гласачите до последен момент немаа одлучено за кого да гласаат, пренесоа агенциите. Изборниот закон во државата им овозможува на малите населени места со население под 100 лица да ги отворат гласачките места уште во првата минута по полноќ. Во 2008 година, Обама стана првиот демократ кој доби гласови во Диксвил Ноч, чии жители дотогаш гласаа само за републиканците. Обама доби 15 гласа, а Џон Мекејн - само шест.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија