08 Декември, 2025
0.0574

ИЗБОРИ: Бизарни предвидувања, кој ќе биде победникот?

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2012 21:54

Добивај вести на Viber

1. Правилото „Washington Redskins“ Како екипата на „Вашингтон редскинс“ влијае на резултатите од претседателски избори на САД? Едноставно, ако Редскинс победи на нивниот последен натпревар пред денот на изборите, тогаш партијата на власт ке ги добие изборите и ќе остане мнозинство во Белата куќа. Ако пак изгубат, без разлика колку блиску биле до победа, тогаш победува опозициската партија . Досегаова правило се покажало како точно и има само едно промашување од 1940-та година. 2.  Која страна продава повеќе маски на Ноќта на вештерките Чудно, но се покажало како добро предвидување. Колку повеќе маски со лицето на еден од двајцата претседателски кандидати се продадат, толку поголеми се шансите за победа! СпоредСи Ен Ен, продажбата на маски за Ноќта на вештерките во 2004-та точно предвиде кој е победникот на американските претседателски избори . Ако годинава се консултира „BuyCostumes.com“ Обама е во предност, со повеќе продадени маски од Ромни. 3. Гласовите на децата Децата главно ги бираат ликовите коишто им личат на оние од цртаните филмови или пак ги потсетуваат на нивните дедовци, покажале американските истражувањата. Оттука, колку повеќе деца имаат добро мислење и го доживуваат позитивно претседателскиот кандидат,толку поголеми шанси има тој за победа. Според  „Scholastic publishes“ децата годинава го избраа Обама!?! 4. Гласовите во Виго Каунти, Индијана Ако се следи ова предвидување, Виго округот го бира победникот на сите претседателски избори од 1956 година, во повеќето случаи со 3 отсто од гласовите. Значи, она што е тајната на успехот Виго Каунти како показател? Веројатно дел од причината е тоа што Виго се наоѓа во центарот на САД, па како гласаат неговите жители, обично е показател како размислува Америка. 5. Летните олимписки игри Постојат само три нешта што се случуваат на секои четири години: Олимписките игри, Американските претседателски избори и смената на стражата во Бакингемската палата. Оттука, речиси секој пат кога домакин на Летните олимписки игри е земја која и претходно била нивни домаќин, актуелната партија победува на гласањето дека изборите во САД. И обратно! Промашено е само во 1988-та година. Така, бидејќи Лондон беше домаќин на Олимписките игри и во 1908 година, па во 1944 година, облогот за победа оди на Обама. Во 2016-та кога домаќин е Бразил, треба да победат републиканците според ова предвидување. 6. Оскарот  Предвидувањето преку Оскарот оди на следниот начин; За време на изборна година, треба да се вратиме се назад и да дознаме кој освоил Оскар за најдобар филм минатата година. Ако филмот има дејствие во кое лошите победуваат- актуелната партија губи. И обратно, ако филмот го прикажува системот кој одлично функционира  тогаш победува опозицијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија