Избори на 5 јули нема да има, тврди Јанушев
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2020
Избори на 5 јули нема да има, дециден е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој вечерва гостуваше во отвореното студиот на ТВ 24.
Тој повторно ги обвини СДСМ и Зоран Заев дека брзаат за да се спасат.
„СДСМ иако лицитира со датуми, сепак сè уште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5 јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има“,
рече Јанушев.
Тој вели дека политичари завршуваат во карантин, меѓу кои и тој, а после него во изолација завршило и пола раководство на СДСМ.
Првиот човек на здравството, Венко Филипче денеска изјави дека ако се почитуваат протоколите, нема да има ризик при одржување на изборите.Утре се чека одлука за тоа дали вонредната состојба во земјата ќе биде продолжена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.