17 Декември, 2025
0.0562

ИЗБОРИ ВО БИХ: Набљудувачи се степаа на гласачко место

Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2014 12:46

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Босна и Херцеговина денеска ги избираат своите претставници во државните, ентитетските и кантоналните институции на власта. Гласачките места се отворени до 19 часот. За општите избори се регистрирани речиси 3,3 милиони избирачи, а регуларноста на изборите ја следат голем број акредитиранин набљудувачи - дури 50.000 од политичките партии и речиси 6.000 од граѓански здруженија и меѓународни организации. Иако изборите не се очекува да донесат поголеми промени во распоредот на политичките сили во земјата, тие сепак се следат со исклучително внимание затоа што се случуваат во чувствителен политички и економски момент за БиХ. Изборите од утрово не поминуваат без инциденти. Во Сански Мост, само еден час по отворањето на избирачките места, морала да интервенира полиција затоа што се степале двајца набљудувачи од различни политички партии. По инцидентот ним им било забрането да продолжат со набљудување на изборниот процес, а гласањето продолжило. На изборите учествуваат 98 политички субјекти - 50 политички партии, 24 коалиции и 24 независни кандидати. Првичните резултати се очекува да бидат објавени околу полноќ.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни