18 Април, 2024
0.0989

„Изборите ќе го означат новото време“: Силјановска-Давкова и официјално избрана за претседателски кандидат на ВМРО - ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 02 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Ппрофесоката и пратеничката од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова и официјално ќе биде претседателска кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори во мај.

Таа на денешната конвенција на партијата, беше избрана да биде претставник на партијата на претседателската „трка“. Притоа за неа гласала 444 делегати од вкупно 448 делегати кои присуствуваа на конвенцијата. 

Силјановска - Давкова немаше конкуренција, односно немаше друг кандидат кој се пријави во партијата за учество на претседателските избори. 

Како што најави таапокрај поддршката од делгатите, и кандидатурата од ВРМО ќе ги собира и потребните 10.000 потписи од граѓаните.

- Може да смените многу нешта, но татковина не. Изборите се пред нас, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери во овие четири години вредно работеа и докажаа дека се единствена можна европска алтернатива. Изборите ќе го означат новото време. Ако со реформи покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме, тогаш ќе имаме самопочит, таа е важна, ама ако не е заслужена нема да нè почитуваат. Така ќе станеме вистински Европејци - рече Силјновска-Давкова.

Кажа дека како претседателка на државата ќе состави експертски тим на врвни професори по уставно право, не само од овде, туку и од странство, како на пример Франција, за  да го проучи Уставот во однос на генерирањето проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме.
Силјановска-Давкова учествуваше и на претходните претседателски избори, каде исто така влезе во вториот круг, но изгуби од актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Покрај Силјановска-Давкова кандидатура за претседател вчера најави и актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој ќе биде поддржан од СДСМ, а од утре ќе собира и 10.000 потписи.

До денеска, потребните 10.000 потписи за учество на претседатеските избори ги собраа Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Максим Димитриевски (ЗНАМ), Билјана Ванковска (Левица), Бујар Османи (ДУИ) и Арбен Таравари како кандидат на албанските опозициски партии здружени во „Вредности“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?