05 Декември, 2025
0.1087

„Изборите организирани за традиционалните партии и нивните „независни“ деривати ја компромитираа излезноста“: Коментар на изборите на Иван Величковски

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Ивон Величковски смета дека расцепканите кандидати за град Скопје, доведоа до ваков изборен резултат.
Изборите организирани за традиционалните партии и нивните „независни“ деривати ја компромитираа излезноста.

Ова беше „максимум“ излезност при вака намерно отсуство на теми и различни приоритети на општествата на Македонците и Албанците.

Намалената излезност кај Македонците произлезе од обидот за одржување на политичката непретставеност на Македонците од традиционалните политички партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Левица...) и дериватите произлезени од разните „шарени и независни шанси“ формирани во 2021.

Партиите знаеја дека камелеонството заврши.

Сега со тоа се соочија оние кои прво беа „граѓански активисти“, па станаа „експерти“ и на крајот, оставени без ен-џи-о грантови – станаа она што навистина се: обични подизведувачи на зарибаните машинерии на традиционалните партии.

Единствено во Кочани независниот кандидат значи спротивставување на премолчаната коалиција меѓу традиционалните партии.

Македонците покажаа дека бараат професионални политичари 24/7, а не професори, инфлуенсери, бизнисмени... за кои политиката е хоби и извор на дополнителни средства.

Оттука, за прв пат Македонците со игнорирање на изборите одбраа да не бидат залажувани со паркови и клупи или да се задоволат со градоначалници кои ќе организираат навремено собирање на отпадот.

Затоа што прашањето како за Македонците, така и за целата нација на Северна Македонија е интеграцијата во ЕУ - како основа на економската одржливост на земјата.

За припадност во единствен пазар и простор на движење во кој економијата создава профит и на неа се гради финансиска, социјална, инфраструктурна... политика - национална и локална.

За разлика од „стандардната“ имитација на кампања кај Македонците, кај Албанците во Северна Македонија политичкиот натпревар беше пожив и поинтензивен.

Целта на партиите/коалициите што ги адресираат Албанците е дефинирање на политичарите и партиите кои ја одразуваат нивната политичка претставеност.

Спротивно на проекцијата на партиите што ги адресираат Македонците - изборите да се искористат за одржување на статус-квото на земјата.

Мнозинството со апстиненција најави дека вистинската политика започнува на 3 ноември 2025“, напиша тој.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите