20 Декември, 2025
0.0427

Изборите во Турција стануваат „невозможни“ поради насилството

Објавено во: Балкан 10 Септември, 2015 12:23

Добивај вести на Viber

Зголеменото насилство во југоисточна Турција по крајот на примирјето помеѓу Владата и курдските бунтовници ќе створи тешкотии за да се одржат изборите кои претстојат на 1 ноември, изјавил во средата шефот на прокурдската парламентарната опозиција, пренесе „Ројтерс“.

Во главно населена со Курди југоисточна Турција има речиси секојдневни судири помеѓу бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за незаконска, и силите за безбедност од јули наваму.

Конфликтот доведе до крај на мировниот процес, започнат од претседателот Реџеп Таип Ердоган во 2012 година. Во последните три децении околу 40 000 лица загинаа во судирите меѓу Турција и ПКК.

„Станува невозможно“ спроведувањето на изборите, со оглед на ситуацијата, поврзана со безбедноста во регионот, изјавил водачот на прокурдската Демократска партија на народите Селахатин Демиртас на прес-конференција во југоисточниот турски град Дијарбакир.

Сакаме да има избори и не велиме дека изборите не може да се одржат, но сакаме условите во регионот да бидат подобрени за изборите, посочи лидерот на ДПН.

Министерот за финансии Мехмет Шимшек изјавил дека политичката нестабилност претставува најголем ризик за економијата.

Судирите помеѓу борците на ПКК и безбедносните сили се зголемија во предизборниот период. На 1 ноември во Турција ќе се одржат предвремени парламентарни избори на кои Партијата на правдата и развојот (АКП) се надева дека ќе го врати еднопартиското владеење.

Над 100 вработени од турските безбедносни сили беа убиени по продолжувањето на конфликтот со ПКК во јули, според информациите на владините претставници и силите за безбедност. Претседателот Реџеп Таип Ердоган неодамна изјавил дека околу 2 илјади борци на ПКК биле убиени во антитерористичките операции.

Турската телевизија „НТВ“ соопштила дека во последните два дена биле неутрализирани 17 терористи на ПКК во три области во југоисточна Анадолија.

Истовремено во земјата беснеат масовни протести против тероризмот. Кај дел од демонстрациите дојде до немири.

Турската полиција уапси вкупно 93 лица кои учествувале во нападите врз зградите на партиите и на медиумите во Истанбул во текот на изминатата ноќ. Меѓу нападнатите згради беа и канцелариите на весниците „Хуриет“ и „Сабах“, соопштија турските медиуми.

Пратеник од владејачката Партија на правдата и развојот бил меѓу луѓето, кои протестирале пред зградата на весникот „Хуриет“.

Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби изјавил дека е загрижен поради информациите дека членови на АКП ги поттикнуваат протестите.

Нападите биле извршени и против репрезентации на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), нападнато беше и седиштето на партијата во Анкара.

Пратеничката од ДПН Первин Булдан го обвини Ердоган дека користи провокативен јазик, за да ги подгрева тензиите и нападите врз претставништва на прокурдската партија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација