Избрана новата албанска Влада, први честитки од Ахмети
Објавено во: Балкан 15 Септември, 2013 19:12
Собранието на Албанија ја избра новата Влада на државата за која гласаа 82 од вкупно 140 пратеници. Новиот состав на владата го предводи Еди Рама, лидерот на социјалистите, а во неа има 19 министри .
Како што изјави премиерот Рама, ќе работи за интегрирање на Албанија во Еверопската унија и за надминување на проблемите со коишто се соочува оваа земја.
„Оваа е влада на две партии и ветувам голем напредок на земјата", рече Рама кој упати критики кон претходната влада на Сали Бериша за лошата економска состојба што ја оставиле во земјата.
Шеститки за новата Влада на Албанија стигнаа и од претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. Тој им посака успешна работа и истакна дека во него новата албанска влада ќе има пријател и соработник во реализацијата на заедничкиот проект за евротлантска интеграција.
„Доброто одвивање на овие избори постави нови демократски стандарди во Албанија кои што ќе и овозможат да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија на Декемврискиот самит. Се надевам и истовремено сум убеден дека Албанија ќе добие и датум за започнување на преговори со Европската унија следната година. Имам задоволство да ја изразам мојата готовност, како и на сите нас од Демократската унија за интеграција за соработка за општото добро и олеснувањето на зближувањето на нашите граѓани во сите полиња“, стои во честитката од Ахмети.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




