19 Декември, 2025
0.0533

Избрани 20 најуспешни македонски менаџерки

Објавено во: Економија 31 Март, 2016 17:52

Добивај вести на Viber

Агенцијата „Марили“ традиционално и годинава ќе ги избере најуспешните жени менаџерки од Македонија и дијаспората.

По повод 20-годишниот јубилеј годинава ќе бидат прогласени 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот.

Годинава за најуспешни се прогласени Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт“ Продукција - Скопје, Марина Анчевска, генерален менаџер во Центарот за бизнис психологија - Скопје, Маја Босилковска, менаџер за кориснички услуги во „Орифлеим“ Козметика – Скопје, Лилјана Деловска, генерален менаџер во „Арт Дизајн - СДИ“ – Скопје, Бојана Димовска, генерален менаџер, ДПТ „РОНТИС“ Дооел - Велес, Весна Иваноска, генерален менаџер во „Сеавус“ - Едукативен и образовен центар -Скопје, Весна Игњатовиќ-Стојиљковиќ, генерален менаџер, ДООЕЛ и ПЗУ „ ДР. ВАИС“ - Скопје, Вал Јусуфи, генерален менаџер во „Леорон Груп“ – Скопје, Мимоза Конеска-Каимовски, генерален менаџер во Т.А. „Војажер“ - Скопје и Тања Милисковиќ, комерцијален менаџер во „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

Останатите 10 најуспешни менаџерки се Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер во Конгресен сервисен центар – Скопје, Васка Мојсовска, генерален менаџер „Агро Калем - Тимјаник“ – Неготино, Соња Петковска, извршен менаџер во Старски дом „Милица“ - Скопје, Антонија Ристовска, генерален менаџер во Ателје „Антонија Ристовска“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, менаџер, „Тим Консалтинг“ Доо – Скопје, Олгица Стојимировиќ, генерален менаџер, „ПромоИталија“ - Скопје, Олгица Стокуќа, менаџер во „Стокуќа“ Дооел – Скопје, Ксенија Чаминска, генерален менаџер во „Професионал Акаунт“ дооел – Скопје и Асмира Кочан, извршен менаџер во „Трансмет“ – Скопје,

Наградените ќе добијат признанија и статуетки, а по повод 20-годишниот јубилеј ќе бидат врачени статуетки и на уште 25 успешни жени за нивното менаџирање години наназад. .

Целта на изборот за најуспешни жени менаџерки е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, на нејзината лидерска позиција во менаџирањето во компаниите, но и во општеството воопшто.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар