Изгласан Законот за нефер трговски практики, треба да донесе поевтинувања во маркетите
Објавено во: Економија 13 Март, 2024
Собранието попладнево го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики предложен од Министерството за економија кој ќе треба да донесе намалување на цените во маркетите, преку регулирање на синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.
Намалените цени треба да следуваат преку уредување на односите помеѓу производителите, дистрибутерите и трговците.
Новиот закон за забрана на нефер трговски практики предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа треба да ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.
Во законот се содржани околу 26 нефер трговски практики за спречување на манипулациите, а за прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.
-Не само што ќе има намалување на цените, туку и ќе се подобри квалитетот на производите. Во законот е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат или годишните надоместоци кои би можеле купувачите, во овој случај ланците супермаркети, да ги бараат од производителите и добавувачите. Рабатот сега надминува 30 – 40 отсто од производствената цена, а со законот ќе биде најмногу 10 отсто и во рамки на тоа маркетите ќе конкурираат меѓу себе што ќе влијае врз намалување на цените – рече претходно министерот за економија Крешник Бектеши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.