ИЗГОР: Ова се најскапите градови за туристите!
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2014
Ова се најскапите градови за сместување на туристите.
Најскапото спиење е во Бостон - ноќ во апартман во просек чини 220 евра. На второто место на листата, направена врз основа на податоците на сајтот за сместување Airbnb.com, е мексичкиот град Канкун каде за една ноќ во апартман во просек е потребно да се платат 198 евра. Следи Њујорк, со просечна цена од 185 евра, Дубаи - 181 евро и Монако - 171 евро.
На шесто место се најде шкотскиот гард Абердин каде ноќевање во апартмански смештај во просек чини 168 евра. Следат Њукасал со 167 евра и Монте Карло со 162 евра.
На девето место е градот во Доминиканската република Пунта Кана, каде за апартмански смештај за една ноќ треба да платите 157 евра, а на десето место е американскиот Мајами со цена од 155 евра.
Еден од најпосетуваните градови на свето, Париз се наоѓа дури на 80 место на оваа листа, каде за ноќевање во апартманско сместување треба да издвоите 70 евра, помалку од Сент Тропе кој се најде на 24 место. Во тоа градче за еднодневен престој ќе треба да издвоите 124 евра, а во Ница, која е на 79 место, 79 евра за ноќевање.
Британската престолнина Лонодн, е на 15 место, а цената на апартмански смештај по ноќ изнесува 141 евро.