18 Декември, 2025
0.0484

Изградба на подводната делница на „Јужен тек” не е започната!

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2013 19:12

Добивај вести на Viber

Изградба на „Јужен тек " во близина на Варна не е започната бидејќи немаа договор , дозволи и материјали, вели техничкиот директор на „South Stream Transport “, Андреј Фик , објави бугарскиот портал Инвестор. Во близина на плажата Паша Дере  всушност има платформа, но таа не е направена поради изградбата, туку за проучувања. Изградба на „Јужен тек" ќе има минимален ефект врз животната средина и животот и здравјето на луѓето, појаснија претставници на „South Stream Transport “ при доставувањето на извештајот за проценка на влијанието врз животната средина за бугарските парцели . Документот веќе е доставен во Министерството за животна средина и водит, а  првите сигнали оттаму се позитивни , коментира Матео Веронеси , шеф на единицата за дозволи. Во периодот 2014 - 2015 година компанијата се очекува да ги добие сите дозволи и да започне изградбата. Првата ( од вкупно четири ) цевка ќе достигне до бугарскиот брег на крајот на 2015 година. Комплетниот капацитет ќе биде достигнат на крајот на 2017 година. Цевките кои се избрани за изградба се челични и специјално обложени од полипропилен , а гарантниот рок им е 50 години. Истата технологија е користена и при „Синиот поток " , коментира Фик . „South Stream Transport“ е одговорна за изградбата на делот по дното на Црното Море. Трасата е поделена на три дела - двете крајбрежни станици во Русија и Бугарија и делот кој ќе оди по дното на Црното Море. Истражувањата на територијата почнаа уште во 2009 година и првите студии покажале некои слабости , кои ќе бидат ублажени со 200 дополнителни мерки. Андреј Фик додаде дека поради силното незадоволство на граѓаните е променета технологијата за изградба крај плажата Паша Дери. Цевките ќе минуваат под земјината површина и ќе стигнат до компресорската станица по микротунели и тоа ќе ја заштити зоната. „Никој нема да познае дека под плажата минуваат цевки " , коментира тој. Од компанијата очекуваат зголемување на нивото на бучавата , но од градежната техника , а и од самите копање ќе има и зголемување на честичките прашина . Квалитетот на водите , меѓутоа, нема да биде погоден. За да не се наруши спокојството на луѓето ќе бидат изградени специјални придушувачки бариери, а нема да се гради во доцните часови , прецизира Фик. Што се однесува до животните кои ја населуваат територијата - тие нема да бидат вознемирувани во периодите на размножување и хибернација, гарантира Мариана Христова , советник за изготвување на студијата на бугарскиот дел . Таа призна дека ќе има потреба од сеча на дрва за дел од гасоводот , но не можеше да прецизира за каква бројка и кој вид вегетација станува збор . Од фирмата сепак гарантираат дека при секоја можност овие растителни видови ќе бидат однесени на друго место , а ќе бидат пошумени дополнителни зони. Поради изградбата за кратки периоди ќе биде ограничен пристапот доедна од најубавите бугарски плажи и рибарските зони, а според најавите максимално зачувани ќе бидат и објектите на културното наследство , откриени по рутата на гасоводот . Проектот има позитивно влијание врз регионот, смета Христова. Една од нив е зголемувањето на вработеноста . Таа гарантира дека компанијата инсистира како изведувачите да вработи Бугари при изградбата на гасоводот .

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии