25 Март, 2025
0.0392

Изградба на пречистителна станица во Скопје: Пари досега само за „раздвижување“

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Скопската пречистителна станица за отпадни води кај Трубарево, која треба да чини 190 милиони евра, се гради без информации во јавноста со која динамика и во која фаза е проектот. Она што може да се види во последните година и пол, според исплатите кон инвеститорот, односно кон операторите, е тоа дека префрлените средства не надминуваат повеќе од 25 милиони евра.

Според платформата „Отворени финансии“ оваа година кон Министерството за животна средина и просторно планирање на посебната сметка за оваа намена има четири исплати со вкупна сума од 15 милиони евра. Првата трансакција беше на крајот од 2023 кога беа префрлени 10 милиони евра.

По она што беше најавено претходно, парите се префрлаат кон скопски „Водовод“, а од таму треба да се распоредат кон германско-македонскиот конзорциум „ВТЕ Васертехник“ и „Жикол“ со кои беше потпишан договор пред една година. Пред да се потпише договорот, требаше да мине долго време за усогласувањето на релација Град Скопје - ЈП Водовод - Министерство за животна средина. Капиталниот проект е вреден околу 190 милиони евра, од кои поголемиот дел е кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија.

На нашето прашање до Министерството за животна средина дали е задоволителна динамиката на изградба и колку пари се планирани да бидат префрлени за реализација на проектот за оваа година, добивме одговор дека „се гради побрзо отколку во претходните две години“.

- Во однос на вашите прашања поврзани со динамиката на изградба на  проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води, ве информираме дека на сметката на ЈП Водовод и канализација - Скопје се префрлени средства согласно доспеаните фактури за исплата доставени од страна на изведувачот и одобрени од надзорот. Соглесно динамиката за работа, активностите во последниот период имаат задоволителна динамика наспроти застојот кој беше забележан во минатите две години, гласеше одговорот кој го добивме од министерството.

Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека во 2025 Скопје ќе ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар. Во меѓувреме поради локалните избори постапката беше закочена и со месеци немаше избор на фирмата за надзор и фирмата изведувач, иако бодувањата беа направени и тие автоматски го покажаа победникот на тендерот.

Пречистителната станица за отпадни води ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево. Откако ќе биде пуштена во функција, ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди.Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби, што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар да биде помалку загадена.

Последниот коментар од владиниот врв за овој проект е дека „се раздвижува“ и дека животната средина е еден од приоритетите..

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ЧУДАМ ЗОШТО НЕ Е ПОВИКАН НА РАЗГОВОР МАНУКОТ КОЈ ДОБИВАШЕ ИНСТРУКЦИИ ОД СТРАНСТВО КАКО ДА РУШИ ДРЖАВА, ЗА ТОА ИМА ДЕЛО ВО КЗ: Грчева со поддршка за барањето правда

СЕ ЧУДАМ ЗОШТО НЕ Е ПОВИКАН НА РАЗГОВОР МАНУКОТ КОЈ ДОБИВАШЕ ИНСТРУКЦИИ ОД СТРАНСТВО КАКО ДА РУШИ ДРЖАВА, ЗА ТОА ИМА ДЕЛО ВО КЗ: Грчева со поддршка за барањето правда

„МВР БАРАШЕ ОД ГРАДОТ ДА БРОИ ПЕШАЦИ КОИ ГО ПОМИНУВААТ БУЛЕВАРОТ ВО ОВОЈ ДЕЛ“. Се огласи Наумоски за вчерашната несреќа, кога повторно беа прегазени пешаци на Партизанска

„МВР БАРАШЕ ОД ГРАДОТ ДА БРОИ ПЕШАЦИ КОИ ГО ПОМИНУВААТ БУЛЕВАРОТ ВО ОВОЈ ДЕЛ“. Се огласи Наумоски за вчерашната несреќа, кога повторно беа прегазени пешаци на Партизанска

МЕТЕОАЛАРМ: Изразен циклон ни носи обилни врнежи

МЕТЕОАЛАРМ: Изразен циклон ни носи обилни врнежи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во Македонија

НАПАЃАЧОТ ИЗБЕГАЛ ОД ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА: Тој ја демнел социјалната работничка од Прилеп

НАПАЃАЧОТ ИЗБЕГАЛ ОД ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА: Тој ја демнел социјалната работничка од Прилеп

ПОРАКА ОД МАРШОТ: Сакаме да останеме да живеемe тука и да ни е безбедно

ПОРАКА ОД МАРШОТ: Сакаме да останеме да живеемe тука и да ни е безбедно

ЗАБРАНЕТО Е СНИМАЊЕ СО ДРОНОВИ: Ова се локациите

ЗАБРАНЕТО Е СНИМАЊЕ СО ДРОНОВИ: Ова се локациите

МАЖ ПУКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП: Ранил службеничка која заврши во болница

МАЖ ПУКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП: Ранил службеничка која заврши во болница

ЉАТИФИ-АЗИЗИ: Во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат

ЉАТИФИ-АЗИЗИ: Во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат