А КОЈ ЌЕ ГИ ИСКОНТРОЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО ШТАНЦАА/Т ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДЕЊЕ И ОПШТИНИТЕ ГИ ЗАТРУПАА СО ЗГРАДИ? Трајковска со жестока реакција

Објавено во: Македонија 23 Март, 2025 15:00
А кој ќе ги исконтролира градоначалниците што штанцаа/т дозволи за градење и општините ги затрупаа со згради - правдајќи се дека треба да се зема плата, ама и аванта?! Кој ќе им каже дека на многу улици не може да помине пожарна, дека нема основни услови за евакуација, дека уличните хидранти или не работат или ги нема, дека заради паркираните возила не може ни Брза помош да дојде до влез?!, вели во реакција на социјалните мрежи Жанета Трајковска, активистка за човекови права и остар критичар на негативните општествени појави.
„Или тоа не е важно?!
А кој ќе ги исконтролира инспекторите што мижеле и мижат речиси за се и ќе ги праша кај беа до сега!?
Секако дека градоначалниците не знаат ниту за една дозвола без оглед дали е за градње, кафена или дискотека, нит знаат за (не)работењето на инспекторите во сопствената општина, а и секако врска немаат како им личи општината, оти тие гледаат во иднината - ама сопствената!“, вели таа.
Можеби ќе ве интересира
ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба
Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции

Центарот за социјална работа во Прилеп ќе добие физичко обезбедување по нападот со огнено оружје
