ЗАБРАНЕТО Е СНИМАЊЕ СО ДРОНОВИ: Ова се локациите

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 19:14
Забрането е снимање со дронови на повеќе места во Скопје.
Од полицијата попладнево соопштија дека Агенцијата за цивилно воздухопловство забранува летање на дронови на територијата на Град Скопје, во моменти кога на градскиот плоштад се собираат граѓани на протестен марш поради трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе.
Забрането е летање дронови на следните локации:
1. Плоштад „Македонија,
2. Улица „Димитрие Чуповски“,
3. Булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ,
4. Улица „Филип Втори“,
5. Булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и
6. Пред Влада на РСМ.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, велат од МВР.
Тие апелираат протестите да останат мирни, да се почитуваат одлуките од државните институции и наредбите и насоките од полициските службеници за обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани.
Претходната недела исто имаше забрана да се користат дронови на повеќе локации додека траеше погребот на жртвите од пожарот во Кочани.
foto freepik.com/alexeyzhilkin
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици
