05 Декември, 2025
0.0424

Изградбата на автопатот Приштина-Скопје почнува напролет

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2013 14:17

Добивај вести на Viber

Косовската Влада напролет почнува со реализација на проектот за изградба на автопатот Приштина-Скопје.

Според Лах Нитај советник во Министертвото за инфраструкура во завршна фаза се административните и законски процедури и голем број домашни и странски компании покажале интерес за изградба на автопатот, кој Косово го поврзува со Македонија, пишува весникот „Коха диторе“.

- Во месец мај почнува новата сезона на работите на патната ифрастукута и ние се надеваме дека до март ќе ја избереме компанијата со цел да ги отпочнеме работите на автопатот. Сепак пролетта е до јуни и можно е мало доцнење, но уверени сме дека доколку се оди според планот напролет ќе ја почнеме изградбата, изјави Нитај.

Со буџетот за годинава, косовската Влада за почеток на реализиација на овој проект има издвоено само 30 милиони евра, а на прашањето дали овие пари се доволни и колку ќе изнесува вкупната инвестиција, Нитај одговара дека се знае приближната цена но оти таа јавно не се соопштува.

Сепак тој нагласува дека поради комплексноста на делницата од Качаник до границата со Македонија ќе има друга вредност од онаа Приштина-Качаник.

- Она што се знае врз основа на техничките параметри и конфигурацијата на теренот, делницата Приштина-Качаник има друга цена, додека 13 километри долгата делница Качаник-Блаце, односно границата со Македонија, поради конфигурацијата ќе има друга цена, изјави Нитај.

Според него целта на Владата е патот да се изгради врз основа на традиционални договори, што подразбира учество од буџетот, не отфрлајќи ги при тоа и поволните кредити.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип