18 Декември, 2025
0.0408

Изградбата почнува – гасот преку „Јужен тек“ ќе стигне до Србија

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2013 10:58

Добивај вести на Viber

Денеска симболично ќе се означи почетокот на изградбата на гасоводот „Јужен тек"  во Србија. Сепак градежните работи со полн ек ќе почнат во февруари догодина. Во Палатата Србија, по повод свеченоста, присуствуваат претседателот на Србија , Томислав Николиќ  и премиерот Ивица Дачиќ, потоа рускиот министер за енергија Александар Новак, но и  Андреј Милер ,претседателот на управниот одбор на Гаспром и инвеститор на проектот. Притоа српската и руската страна ќе потпишат договор за транспорт, за финансирање и за прогласување на делот од гасоводот низ Србија како проект од национално значење, пренесоа српските медиуми. Ова е една од најголемите инвестиции во земјата, вредна повеќе од 1,9 милијарди евра. Со заварувањето на првиот спој од цевки на гасоводот во Шајкаш ќе биде свечено означен почетокот на работата. За изградба на српскиот дел од гасоводот, до првиот квартал на следната годинна, ќе бидат на располагање околу 500 милиони евра, кои ќе ги обезбедат Гаспром и Србијагас. Делот на„ Јужен тек “ низ Србија ќе биде долг 421 километр и веќе предвидува изградба на две гранки – во Хрватска од 52 километри и во Република Српска од 105 километри. На изградбата на овој транснационален гасовод кој завршува во западна Европа и кој низ Србија ќе минува во должина од 421 километар, директно ќе работат околу 25 илјади работници, а индиректно околу 100 илјади вработени од српските градежни компании, произведувачи на опрема и претпријатија од услужниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии