19 Декември, 2025
0.0396

ИЗГУБЕТЕ 7 КИЛОГРАМИ ЗА 14 ДЕНА: Оваа диета ќе ви го разубави летото!

Објавено во: Стил 06 Јули, 2015 21:56

Добивај вести на Viber

Диета со краставици е идеална за сите оние кои не сакаат премногу да размислуваат за тоа што ќе јадат во текот на неа. Самата диета се спроведува десет дена, а постојат неколку намирници кои се конзумираат во текот на периодот на слабеење.

Постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина сјајни резултати: загуба од дури 7 килограми - секако во зависност од нивото на физичката активност.

Основата на диетата ја сочинува краставица која може да се конзумира во неограничени количини секој пат кога се почуствува глад.

Останатите намирници кои се јадат  во текот на денот се:

-2 готвени јајца или 150 грама туна исцедена од маслото или 150 грама гриловано бело месо,

-2 поголеми зготвени компири (може да се готват, варат, печат во рерна, но не и да се пржат во масло) или 3 кришки интегрален леб,

-500 грама свежо овошје

Од течности се пие обична вода, чај а дозволено е дури и кафе (без шеќер). Она што е стриктно забрането се газирани пијалоци, алкохол и слатки.

Со секој оброк како и помеѓу оброк - може да се јадат неограничени количини краставица салата или да се пие шејк од краставица - значи, кога ве нападне глад - слободно навалете и на салатата или шејкот од краставици.

Пример мени:

Доручек: 2 тврдо готвени јајца и чинија салата од краставица

Ужина: 5 сливи или една поголема јаболка или праска ... или некое друго сезонско овошје во вкупна тежина до 200 грама

Ручек: Тостиран интегрален леб и чинија салата од крставици

Ужина: Шејк од краставица

Вечера: Овошје по избор (до 300 грама)

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се