18 Декември, 2025
0.2522

Изиџет трие раце: Штрајкот во Ер Франс му донесе дополнителна добивка од пет милиони фунти!

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2014 12:42

Добивај вести на Viber

Нискобуџетната авиокомпанија Изиџет годинава очекува да заработи добивка од околу 580 милиони фунти пред оданочување. Оваа пресметка е за финансиската година која истече на 30 септември. Податоците покажуваат подобрување во споредба со очекувањата на крајот на јули, кога компанијата се надеваше на добивка меѓу 545 и 570 милиони фунти. Подобрите финансиски резултати од очекуваните делумно се должат и на септемврискиот штрајк на пилотите во францускиот национален превозник Ер Франс. Двонеделниот прекин во работата на француската авиокомпанија на Изиџет му донесе дополнителен профит од околу пет милиони фунти. Се предвидува 40% од добивката остварена годинава да биде исплатена како дивиденда за акционерите. „Изиџет продолжува да ја исполнува својата стратегија, реализирајќи силни активности во втората половина од годината. Ова ни овозможи да стигнеме до рекордна добивка веќе четврта година по ред. Тоа ќе резултира и со највисока исплатена дивиденда во историјата на компанијата“, вели извршната директорка Керолин МекКол. Пилотите на Ер Франс штрајкуваат заради плановите на нивната компанија повеќе да инвестира во нискобуџетната фирма-ќерка Трансавиа, која треба да им конкурира на евтините авиопревозници како Изиџет.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва