20 Декември, 2025
0.0431

Изјавите на Шилегов и Димовски за Егејците го „погодија“ Трифун Костовски, тој им пиша писмо

Објавено во: Македонија 28 Март, 2017 18:05

Добивај вести на Viber

Трифун Костовски, екс градоначалникот на Скопје и актуелен претседател на Здружението за општествено економски просперитет Човекот пред сѐ, се најде погоден од препукувањата на пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов од СДСМ за историјата на егејските бегалци, алудирајќи на една негова несреќна изјава во дебатната емисија Клик Плус каде сакаше да алудира на еден политичар со егејско потекло, а не на целиот народ. По жестоката расправа во Собранието каде тој беше споменат, еве го неговиот одговор напишан до две отворени писма.

Господине Димовски,

Ние сме сограѓани, вие по место на раѓање и живеење, а јас како почесен. Многу добро ви се познати критериумите за да се добие таквиот статус на почесен граѓанин во еден град. За прв и последен пат ви укажувам, јас сум Македонец и за мене, кој било Македонец, на која било точка на земјината топка, е мој Македонец. Не импутирајте нешто кое не постои во моето дејствување и карактер и не ја негирајте љубовта кон мојот народ. Потекнувате од градот на врвни македонски дејци, а со вашето однесување, му го сквернавите името, запишано со големи букви, ВЕЛЕС. Лично не ве познавам, ниту пак имам желба да ве запознаам. За вас, кои се сметате за високи интелектуалци, местото не ви е во пратеничка, туку во магарешка клупа.

Трифун Костовски, Човекот пред сѐ

Господине Шилегов,

Поседувате статус од највисок ранг во Република Македонија. А дали го заслужувате? Што воопшто знаете за Трифун Костовски? Многу малку или поточно кажано ништо! Бев градоначалник на град Скопје, не бев ничиј кандидат. Самостоен, како што впрочем бев и носител на листата во 2-ка на историските за СДСМ парламентарни избори во 2002 година. Запомнете, САМОСТОЕН! Не сум изгубил ниту еден изборен циклус, напротив, партиите кои ме поддржуваа, од мене профитираа. А впрочем, знаете ли нешто за мојот придонес во градот? Ништо! Површноста ве убива. Никогаш повеќе не си дозволувајте да го ставате моето име во пресметките со вашите политички  противници. Ако не знаете кој сум, тогаш погледнете ја мојата биографија,  погледнете што е сработено за време на мојот мандат, како градоначалник и каков бил односот кон финансиските средства на граѓаните. Има многу што да научите како се води главниот град. Не очекувам извинување, зашто тоа е доблест.

Трифун Костовски, Човекот пред сѐ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки