Излегувањето на Грција од еврозоната – погубно само за неа
Објавено во: Балкан, Економија 08 Јуни, 2015 12:48
Премиерот на Грција Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе се состанат на 10 јуни. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја отфрли молбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за телефонски повик. Одбивањето дошло откако Ципрас ги нарекол барањата на меѓународните кредитори како „апсурдни“.
Не се исклучува можноста за излегувањето на Грција од еврозоната, но земјата мора да ги спроведе потребните реформи. Тоа го изјавил италијанскиот премиер Матео Рензо во рамките на самитот на лидерите на земјите од Г-7. Според него најпотребни се пензиските и даночните реформи.
Против оваа позадина од Париз францускиот министер за финансии Мишел Сапен изразил спротивна позиција. Според него излегувањето од еврозоната ќе биде „најлошата несреќа“ за Грција, но не и за останатите земји-членки.
„Ако Грција ја напушти еврозоната, ќе биде ли проблем тоа за нас, Французите? Или за Германците или за Европејците? Да, ќе биде тешкотија, но нема да биде различно во споредба со пред неколку години. Според многумина одлуката е да биде поедноставен долгот на Грција. И потоа што? Ќе го направиме повторно? И кој ќе плати? Повторно другите? Не, не се работи така. Сериозно решение е да се најде повторно рамнотежа и да се работи за раст“, изјавил министерот за финансии.
Мишел истакна дека помошта за Грција доаѓа од даночните обврзници.
„Грција не дискутира за долгот со банкарите. Дискутира само со земјите и со нас. Дискутира и со францускиот народ. За грчкиот долг плаќаат даночните обврзници во Франција, Германија, Шпанија и дури многу мали земји, кои исто така имаат тешкотии“, изјавил тој.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




