БЕСКРАЈНА САГА ЗА БРЕГЗИТ: Еве до кога Велика Британија доби одложување
Објавено во: Свет 11 Април, 2019
Лидерите на Европскиот сојуз и дадоа на Велика Британија уште шест месеци за излегувањето од унијата. Така е договорено на вонредниот самит во Брисел., соопштуваат бугарските медиуми.
За Брегзит се разговарало до 4 часот изутрината, соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарските медиуми.
По самитот, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјавил дека станува збор за „флексибилно проширување“, односно „дополнителни шест месеци за Британија да најде најдобро можно решение“.
„Во тоа време, текот на акцијата ќе биде целосно во рацете на Британија. Се уште може да го ратификува договорот за повлекување и во тој случај продолжувањето ќе биде прекинато. Исто така може и да ја преиспита целата стратегија со Брегзит“.
Британската премиерка Тереза Меј изјавила дека таа верува оти Британија треба да ја напушти Европската унија со договор што е можно поскоро.
Инаку, ЕУ планира да го разгледа напредокот на ситуацијата со Брегзит на својот летниот самит во јуни.