19 Декември, 2025
0.0849

Измамените од станбените афери не добија ни пари ни станови!

Објавено во: Економија 26 Март, 2013 14:12

Добивај вести на Viber

Измамените граѓани од милионската градежна афера Фиком, веќе шест години талкаат по судовите во обид да добијат правда. Последниот случај во кој фризерка измами повеќе од 30 граѓани, нудејќи им непостоечки станови, го отвори прашањето, што се случи со останатите градежни афери во кои илјадници луѓе остнаа и без пари и без станови. Актерите во тешките криминали со продажба на станови, одлежуваат затворска казна, но целиот процес за разрешување,со години е заглавен во судските лавиринти. Сопственици на "Фиком", Николиќ, се сметаат за рекордери во измамите. Нивниот криминал со повеќекратна продажба на еден стан на неколку луѓе, тежи 12 милиони евра, а измамени останаа над 500 граѓани. Сега криминалците одлежуваат 10-годишна затворска казна,  фирмата  е во стечај,  граѓаните по судовите, а никој до ден денес не доби отштета. Лорија Ваневска, поранешен правен застапник на измамените граѓани во Фиком, вели дека од почетокот на судскиот процес, сеуште нема ниту една правосилна пресуда. -Поминаа веќе 6 години, процесот тапка во место, луѓето сеуште не ги добиле ниту парите ниту становите. Сега зградите стојат  празни, со обезбедување, иако ситуацијата е јасна, становите се на тие што вложиле пари во нив. Стечајот си трае од 2007 година, но целиот случај е заглавен во судските лавиринти, бидејќи има проблем и со хипотеките на дел од зградите. Зградите беа дадени под хипотека во Еуростандард банка. Граѓаните се упатени на граѓанска парница, а стечајот сеуште не може да заврши. На почетокот тргна добро, но целата ситуација потоа се разводни. - вели Ваневска. Разликата меѓу Фиком и последната станбена афера По Фиком, следеа другите градежни афери, Самарија, Платина, Кон- артис, Раба. Сите овие згради денес се невселени и чекаат судска разрешница или постапување по судска одлука, само во случајот со аферата Кон артис, граѓаните успеаја да станат сопственици на становите. Токму ваквите афери требаше да бидат поука за граѓаните да не наседнуваат на сомнителни и непроверени градежни фирми или лица кои им нудат станови по поволна цена. По избивањето на овие афери се направија и неколку законски измени, со цел да се заштитат граѓаните од вакви измами. Но, некој повторно се обиде и успеја на друг начин да измами повеќе граѓани. Ако во аферата Фиком постоеше фирма и и згради кои се градеа, сега се работи за физичко лице. Таа заедно со својот татко 59-годишниот А.В, направиле измама тешка над 650.000 евра. Толку пари од декември 2011 година кога започнала со измамата, легнале на сметката на нејзниот татко. Б. Д сега се товари за кривично дело измама, а нејзиниот татко за помагање, за што им е определен триесет дена притвор. Скопјанката во периодот од декември 2011 година до март годинава, лажно се претставувала дека работи на владин проект за доделување станови за лица со посебни потреби и инвалидитет. На лицата им понудувала учество во непостоечки проект, а становите ги нудела по 400 евра за метра квадрат.За учество барала од 15.000 до 30.000 евра, со ветување дека остатокот ќе биде владина или странска донација. На граѓаните им било кажувано парите да ги уплаќаат не на фирма, туку на сметката на нејзниот татко.Осомничената им кажувала прво да го уплатат учеството и дека потоа ќе одат во катастар да склучат договор. Случајот останува отворен, бидејќи полицијата претпоставува дека бројката на измамени граѓани може да расте, и на виделина да излезат и други сметки на осомничената. Ваневска која сега работи како нотар, преудупредува дека граѓаните пред да се одлучат да купуваат стан, не треба да потпишуваат  договори кои не се нотарски заверени,  детално да ја проверат целата докумнтација и да испитаат кој гради, како и каде се гради зградата. -Фиком се разликува од последнaва афера, по тоа што во Фиком имаше злоуопотреба на градби, таму зградите и становите се градеа, постоеја, имаше уредна градежна документација, но тогаш Законот за градби имаше некои дупки што инфолвираните во криминалот ги искористија да за да ја направат измамата .Во последнава афера не постои фирма, се работи за физичко лице, се работи за класична измама. Прв показател дека нешто не е во ред  е цената, 400 евра за метар квадратен. Во времето на Фиком не се продаваа по толку ниска цена становите, на пример во зградата Николина во центарот на градот ако вредноста на станот беше 1.000 евра за метар квадратен, Николиќ ги продаваше од 850 до 900 евра за квадрат. Затоа апелирам до граѓаните пред да се одлучат да купат стан, убаво и детално да ја испитаат фирмата, и никако да не уплаќаат пари без проверена документација-објаснува Ваневска. J.J.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар