23 Април, 2018
0.1007

Измислената инвазија на мигранти ќе решава за улици, канализација и урбанизам

Објавено во: Анализа 07 Септември, 2017

Се поевидентно е дека почетната замисла на ВМРО-ДПМНЕ да наметне свој политички наратив со наводната изградба на населба специјализирани за вселување на илјадници мигранти кои токму во Македонија ќе биле вселени полека почнува да дава резултати. 

Паранојата од измислената инвазија достигна нови „височини“ откако советите на општините Аеродром и Гевгелија донесоа одлука на 15 октомври на истиот ден кога ќе бидат и локалните избори да одржи референдум против изградба на населби за мигранти иако тоа никој од нив не го бара. Да биде иронијата поголема новата влада Стратегијата за мигранти како стратешки документ ја продолжи токму од започнатите обврски кои ги имаше претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. 

Друг момент кој никако да го пробие ова лудило со безобзирна кампања која манипулира со емоциите на граѓаните е тоа што нема никакви најави за нови мигрантски бранови кои ќе се насочат кон македонските граници. 

Исто така зарем некој се труди да заборавиме дека низ македонска територија пројдоа околу 1 милион мигранти од Азија и Африка, како и голем број на бегалци од катастрофалната војна во Сирија. Ниту еден од нив не побара азил во Македонија за тука да остане туку само привремено додека не ја помине границата и не се упати кон северот на Европа каде им беше предвидена и главната дестинација. Моментално во прифатните центри кај Гевгелија, Скопје и Куманово има десетина мигранти кои тука се останати затоа што се принудени дали од болест, бременост или друга здравствена или процедурална причина, што значи нема никаква можност барем засега за наезда на мигранти. 

Затоа пак, оваа хистерија треба целосно да ги засени локалните избори со што е можно поголем број на референдуми во општините каде активно ќе работи пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е изгледа доволен знак дека имаат страв од пораз на претстојните избори, барем во клучните урбани средини и големи општини. Многу полесно ќе се манипулира со емоциите на граѓаните кои ќе се плашат дека готово за некој ден Македонија ќе стане мигрантска земја. 

А, еве и да претпоставиме само за секунда дека бегалци од воените жаришта би сакале да дојдат во Македонија и да најдат прибежиште. Можете ли истите да ги замислите како еднакви на бегалците од Егејот, како бегаат од крвава граѓанска војна во страв за своите животи со разурнати домови и уништена иднина во својата земја. Или пак, стравот е дека претежно сега мигрантите доаѓаат од земји со доминантно исламско население и различни општествени вредности. 

Кој вели дека еве во иднина нема да има војна во Источна Европа, па дојде до „инвазија“ на православни мигранти и бегалци. Дали и на нив ќе им ги затвориме вратите? Од што се плашат навистина граѓаните ќе видиме на 15 октомври, дали од имагинарните мигранти или пак од нефункционалната локална власт која своите гласачи ги исклучува од процесите на носење одлуки и создава урбанистички хаос.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Заев ги пофали граѓаните за препораката на ЕК - Што е следно?

Заев ги пофали граѓаните за препораката на ЕК - Што е следно?

Прогресивен данок - Како Заев ќе успее да ја продаде приказната за даночна реформа?

Прогресивен данок - Како Заев ќе успее да ја продаде приказната за даночна реформа?

Ахмети ќе мора да го прифати новото владино друштво

Ахмети ќе мора да го прифати новото владино друштво