16 Декември, 2025
0.0392

Израел и САД незадоволни од одлуката на Русија за Иран

Објавено во: Свет 13 Април, 2015 20:47

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет, со кој ќе им овозможи да бидат предадени на Иран руски ракетни системи С-300, соопшти прес-службата на Кремљ.

Декретот ги отстранува ограничувањата за транзит движење низ територијата на Русија (вклучувајќи и воздушна) за извоз, наменет за Иран и отвора можност во исламската земја да бидат доставени ракетни системи од типот С-300.

Целосно е отпаднала потребата од доброволното руско ембарго за снабдување на ракетните комплекси С-300 за Иран, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

"Шесторката" констатира напредок во регулирање на иранската нуклеарна програма. Усогласени се политичките рамки за конечен договор, кои добија висока оценка на меѓународната сцена ... Убедени сме дека на сегашната фаза целосно е отпаднала потребата од доброволно руско ембарго ", истакна Сергеј Лавров.

Тој додаде дека ракетните комплекси С-300 имаат исклучително дефанзивен карактер, не се прилагодени за напад и не ја загрозуваат ниедна држава во регионот, вклучително и Израел.

Во меѓувреме Русија почна да испорачува жито, опрема и градежни материјали на Иран во замена на сурова нафта согласно размената на  договор, соопшти рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, цитиран од "Ројтерс".

Москва е сојузник на Техеран во меѓународните преговори за иранската нуклеарна програма, кои доведоа до рамковен договор помеѓу преговарачките страни. Русија се надева дека ќе освои од предвиденото кревање на економските санкции против Иран и направи чекор напред со договорот за размена, истакна агенцијата.

"Во замена на иранската сурова нафта, ние ќе доставуваме некои производи. Тоа не е забрането или ограничено според сегашниот режим на санкции ", изјави Рјабков пред претставници на Горниот дом на рускиот парламент.

Извори изјавија за "Ројтерс" пред една година, дека се разговара за договор во вредност до 20 милијарди долари, според која Москва да купува до 500 000 барели иранска нафта на ден, во замена на руска опрема и производи.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак прецизира пред ТАС дека Русија засега не добива нафта од Иран по оваа размена на трансакцијата. "Ние ја испорачуваме опремата. Разговараме со нив по прашања за изградба на термоелектрани и железнички линии, но не добиваме "нафта, рече Новак.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете