Израел прогласи победа над коронавирусот, но лекарите се плашат од новите соеви
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Март, 2021
Израел прогласи победа над коронавирусот. Но, маските ќе мора да се носат уште некое време.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „Фокс њуз“ изјави дека Израел е првата земја во светот што излезе од пандемијата на коронавирусот, благодарение на брзата и ефикасна кампања за имунизација. Нетанјаху кажа дека со „зелениот пасош“ веќе ќе може да се оди во ресторани, театри и на спортски настани.
„Од денеска земјата ќе биде позната и како земја на вакцинацијата. Ние му даваме пример на светот, ние сме многу горди на тоа“, кажа израелскиот премиер.
Здравствените власти предупредуваат дека новите видови на коронавирус можат да ги нарушат плановите за брзо враќање во нормалниот живот. Првата доза на вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја примија повеќе од половината од вкупното население од 9,3 милиони жители, а речиси 40 проценти од нив ја примија и втората доза, повеќе отколку во која било друга земја во светот. Нетанјаху најави дека до 5 април економијата во во целост ќе се врати на вистинскиот колосек. Претходно, и Нов Зеланд прогласуваше победа над коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.