03 Мај, 2024
0.3663

Израел уби воен лидер во напад на иранскиот конзулат во Дамаск

Објавено во: Свет 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Израелски авиони денеска го погодија иранскиот конзулат во Дамаск, а либански безбедносни извори тврдат дека во нападот е убиен високиот командант на Иранската револуционерна гарда Мохамад Реза Захеди.

Иранските државни медиуми подоцна потврдија дека Мохамад Реза Захеди навистина бил убиен во тој напад.

Новинарите на Ројтерс на местото на настанот, во квартот Мезе во сириската престолнина, зборуваат за срамнета зграда, чад што се издига од урнатините и возилата на итната служба околу погодената локација.

Сириската државна телевизија потврди дека бил нападнат иранскиот конзулат. Иранските медиуми претходно објавија дека била погодена зграда во близина на амбасадата, а иранската студентска новинска агенција напиша дека цел биле конзулатот и резиденцијата на амбасадорот.

Тоа е петти напад во последните осум дена врз Сирија, чиј претседател Башар ал Асад е поддржан од Иран и неговите сојузници.

„Израелскиот непријател изврши воздушни напади од окупираната Голанска Висорамнина, гаѓајќи го анексот на иранската амбасада во Дамаск“, соопшти сириското Министерство за одбрана, додавајќи дека во нападот има неколку загинати и повредени.

Зградата се наоѓа во Мазех, област во која се наоѓаат странските амбасади и зградите на ОН, а во нападот е целосно уништена.

„Сите што беа во него беа убиени или повредени“, велат од министерството. Сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Мекдад остро го осуди нападот.

Но, иранската државна телевизија објави дека меѓу убиените е и бригадниот генерал Захеди, кого го идентификуваше како висок командант на огранокот на иранската Револуционерна гарда за прекуокеански операции, силите Кудс на Револуционерната гарда. Меѓу загинатите има и неколку дипломати, јавува иранската државна телевизија.

Иранската полуофицијална новинска агенција Тасним објави дека Захеди (63) бил активен во силите Кудс од 2008 до 2016 година и служел како командант на иранската Револуционерна гарда во Сирија и Либан.

Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Велика Британија, со голема мрежа на извори во Сирија, соопшти дека осум лица загинале во напад на „израелски проектили“ во Дамаск.

Иранската новинска агенција Нур објави во Техеран дека иранскиот амбасадор во Дамаск Хоесин Акбари и неговото семејство не се повредени во „израелскиот напад“. Меѓу загинатите е и командантот на Револуционерната гарда, Иранската револуционерна гарда, според иранската државна телевизија Ириб.

Станува збор за бригадниот генерал Мухамед Реза Захеди, еден од главните команданти на силите Кудс на Револуционерната гарда. Силите Кудс имаат задача да дејствуваат надвор од Иран. Меѓу загинатите има пет членови на Револуционерната гарда и двајца ирански советници.


Можеби ќе ве интересира

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите