09 Октомври, 2024
0.0693

ИЗРАЕЛЦИТЕ СО НОВО ВИДЕО ОД ТУНЕЛИТЕ: Терористите на Хамас го кријат влезот под бебешко креветче

Објавено во: Свет 17 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Израелските одбранбени сили тврдат дека пронашле тунел на Хамас скриен под креветче на дете.

Во една куќа во градот Џабалија, недалеку од Газа, припадниците на израелските одбранбени сили го нашле влезот во тунелот на Хамас.

Израелците тврдат дека влезот во тунелот бил скриен под бебешко креветче во детската соба.

ИД објави видео на кое се гледа, како што тврдат, тунел, за кој велат дека има и скали.

Според нив, влезот во тунелот бил уништен.

Да потсетиме дека милитантната организација Хамас изгради стотици километри тунели во Појасот Газа.


Овој „подземен свет“ им овозможува на милитантите да се движат низ Појасот Газа без да можат да бидат лоцирани со сателити, беспилотни летала или израелски војници.

Тунелите во Газа се поголеми од лондонското метро. Се верува дека изградбата на подземните тунели почнала во 1980-тите, за да може шверцерите на оружје и дрога да го заобиколат граничниот премин Рафа.

Оттогаш до денес овие премини добија уште две намени - служат за одбрана и напад. Во нив има продавници со оружје, вода и храна, штаб за контрола и комуникација. Мрежата од тунели се протега и на делови од Израел, а се верува дека на 7 октомври Хамас на овој начин го нападнал Израел и извршил серија напади.

Можеби ќе ве интересира

Пилотот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилотот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент