Израелски туристи се „заглавени“ во Босна откако во хотелот им ги фрлиле документите во отпад
Објавено во: Балкан 17 Август, 2025 15:30
Голема група туристи од Израел кои пристигнаа да ја посетат Босна и Херцеговина(БиХ) останаа блокирани во Сараево бидејќи се без документи, откако некој од рецепцијата на хотелот им ги фрлил во ѓубре, потврдија во недела полициски извори.
Оваа информација за јавниот сервис BHRT ја потврди директорот на Службата за работи со странци на БиХ, Жарко Лакета, со појаснување дека хотелскиот персонал е одговорен за сè, но тој наведува дека станува збор за случајност.
Веста први ја објавија израелските медиуми, а сараевскиот портал Istraga.ba, кој е близок до безбедносните служби, доби потврда за неа, објаснувајќи како сето тоа се случило во хотелот „Хилс“ во населбата Илиџа во Сараево.
Овој хотел е една од омилените дестинации на туристите од арапските земји кои во голем број ја посетуваат БиХ во текот на летото.
Таму престојувале и 47 граѓани на Израел кои пристигнале во БиХ како туристи.
Израелскиот портал Ynet News објави информации за тоа како нивните пасоши завршиле во корпа за отпадоци до рецепцијата на хотелот. Потоа тие документи завршија на куп со друг отпад, а општинската служба ги однесе на депонијата.
„Откако ги проверивме безбедносните камери, откривме дека пасошите биле фрлени во ѓубре по грешка“, изјавија неколку туристи за Ynet.
„Од ѓубрето на рецепцијата, тие беа однесени во камиони за ѓубре, а потоа на депонијата. Бевме принудени да останеме во хотелот уште 48 часа, можеби и подолго. Се плашиме дека би можеле да бидеме заглавени тука повеќе од една недела“, цитира овој портал неименувано лице од групата.
Сè беше откриено кога Израелците требаше да заминат во саботата.
foto Wikipedia/Julian Nyča
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





