18 Декември, 2025
0.0449

Извадена и втората црна кутија од дното на Јаванското море

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2015 10:33

Добивај вести на Viber

Нуркачките екипи денеска успеаа да ја пронајдат и извадат и втората црна кутија од срушениот авион на компанијата „Ер Азија“ од дното на Јаванското море со што на експертите ќе им се даде можност да ги „спојат коцките“ за да откријат која е причината за падот на леталото. Црната кутија била ослободена од остатокот на авионското крило кое се наоѓало на длабочина од 32 метри во Јаванското море, недалеку од првата црна кутија која ги забележува податоците на летот. Кутијата била извадена и префрлена на брод на индонезиската морнарица, потврдил координаторот на операцијата на Народната агенција за потрага и спасување, Сурјади Бамбанг Супријади, и додал дека таа во текот на денешниот ден ќе биде однесена во Џакарта. Инструментот во Џакарта ќе биде обработен, ќе биде извадена датотеката, а потоа заедно со информациите од другата црна кутија ќе бидат анализирани. На двете црни кутии треба да има двочасовен материјал со комплетниот разговор помеѓу капетанот на авионот и копилотот во кокпитот. „Ова се добри вести за истражните органи кои ќе ја откријат причината за падот на леталото“, рекол директорот за навигација и пловидба на индонезиското министерство за транспорт, Тони Будионо, пренесува агенцијата „АП“. Авионот на компанијата „Ер Азија“ исчезна од радарите на летот QZ8501 во 42 та минута од своето патување кон Сингапур и во смрт однесе 162 патници и членови на екипажот, од кои, до сега, пронајдени се 48 тела.

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија