Извозот на билки на Албанија и носи 28 милиони долари годишно
Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2016
Албанија од продажба на билки во странство заработува годишно околу 28 милиони долари.
Овие билки се извезуваат во Германија, Франција, Италија, САД, и други земји при што само жалфијата опфаќа 65% од американскиот пазар.
„Според оценката на американската агенција за развој УСАИД, овој пазар има можност да се зголемува. Поради тоа албанската Влада треба да го подржи секторот со инвестиции за изградба на соодветни импијанти за стерилизација од салмонела“ - наведува тиранската телевизија Топ-чанел.
Албанскиот министер за земјоделство, Едмонд Панарити вели дека автентичните продукти ќе добијат сертификити како албанска марка. За да се зголеми безбедноста при нивното одгледување се разгледува можноста за изградба на лабораторија преку јавно-приватно партнерство.
Претходно имаше и слуачи каде албански државјани беа уапсени во Грција, поради шверц на билки, што покажува дека билките носат добра заработка.